Се пролонгира рокот за концесијата на патиштата

30.07.2010 - 16:47 |

Се пролонгира рокот за концесијата на патиштата. Листата со компании кои ќе можат да достават понуда за концесионирање ќе биде комплетирана во октомври.

Првичниот рок беше јули. Од Министерството за транспорт објаснуваат, станува збор за техничка процедура. Комисијата која врши евалуација на понудите кои беа доставени во процесот на претквалификација побарала дополнителни документи од заинтересираните. Во официјалниот документ објавен на веб страницата на Министерството стои дека комисијата може да побара дополнителни документи, а компанијата треба писмено да одговори во рок од 5 дена од примот на барањето.

Во мај 8 компании пројавија интерес за македонските патишта, колку од нив ќе ги исполнат условите и ќе можат да достават понуда ќе се знае во октомври. Државата под концесија нуди два пакети.

Во првиот источен пакет во должина од 177,5 километри се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип, преку Свети Николе, Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје.

Во вториот западен пакет, се патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје со вкупно 196 километри.

Концесијата опфаќа изградба на неизградените делници, реконструкција на старите, одржување на патиштата и наплата на патарините. Рокот во кој идниот концесионер треба да ги изгради патиштата е 8 години, а со нив ќе стопанисува 35 години. Вкупната инвестиција се проценува на 1,2 милијарди евра.

 

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

од понеделник до петок 19:45
Наскоро...
Секој ден 21:00
Наскоро...
Од понеделник до петок 23:45
од понеделник до петок 14:50
од понеделник до петок 22:30
од понеделник до петок 17:00
©2010 sitel.com.mk