Папандреу: На Грција и се заканува неможност да позајмува

19.03.2010 - 22:39 |

Премиерот на Грција Јоргос Папандреу предупреди денеска дека државата ја дели само чекор од неможноста да позајмува и ги повика работничките синдикати да дадат поддршка за неговите напори за надминување на должничката криза.

Обраќајќи се на најголемиот грчки синдикат ГСЕЕ кој ги организираше протестите против неговиот строг план за штедење, тој наведе дека води битка против влијателни кругови во државата и пазарни шпекуланти во странство.
 
- Ние сме во воена состојба, во борба против специјални интереси дома и вон Грција. Тоа е битка против шпекуланти и за транспарентност, за да бидат пазарите во служба на луѓето, а не обратно, потенцираше тој.  
Тој на годишниот конгрес на Синдикатот, даде неповолна слика на грчката економија укажувајќи дека сериозните негативни појави го нарушиле кредибилитетот на Грција на пазарите и ја намалиле поддршката од странски партнери. 
 
- Со сета почит кон Грците, зборуваме за нивото до кое дојдовме, а тоа е еден чекор од тоа да не можеме да бидеме во можност да позајмуваме, рече Папандреу.
 
- Мораме да избегнеме ситуација во која со децении би плаќале камати, осудувајќи ја државата на длабока рецесија. 
 
Предупредувајќи дека сите заштеди ќе бидат залудни доколку каматните стапки останат на денешно ниво - од околу 6,3 отсто на десетгодишни обврзници, тој вети дека ќе ја промени Грција засекогаш - ќе ја искорени корупцијата и неказнувањето за да го врати кредибилитетот на државата. 
 
- Сакам социјалните партнери да бидат на моја страна, а не против мене. Им ветувам на сите работници и граѓани дека нашите напори ќе се исплатат, нагласи Папандреу.
 
Идната недела лидерите од ЕУ ќе имаат состанок за да се постигне договор за помош на Грција.
 

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk