Некомплетната документација го забавува царинењето на возилата

19.03.2010 - 18:26 |

 

Увозниците на половни возила немаат проблем со царината. Цариниците работат прекувремено за да им излезат во пресрет.

 

 

За илустрација само во три дена биле царинети близу 500 возила. Се царини до доцна навечер. А метежот на складиштата настанува заради некомплетната документација која увозниците ја доставуваат за возилата што сакаат да ги внесат во земјава. Овој проблем може да се надмине само ако шпедитерите работат поефикасно.
 
Од почетокот на оваа недела кога почна да се применува новиот Правилник за увоз на половни возила, во земјава за царина се пријавени околу 1.500 возила. Од Царинската управа ги потсетуваат и увозниците, но и шпедитерите дека царинската постапка е иста како при секој увоз.
 
Потешкотии има само ако нема комплетна документација. Секој увозник мора да поседува оригинална сообраќајна книшка, оргинална фактура за вредноста и детални податоци за возилото. Секое возило кое поминало транзитна постапка мора да пристигне на царина во рок од 24 часа, во спротивно казната за увозникот изнесува од 50 до 250 евра.
 
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
 

 

Потребно е да имате инсталирано Adobe Flash плеер за да ја гледате оваа содржина. Инсталирај тука.

Коментирај

Недела - петок 21:15
Од понеделник до сабота 9:30
Од понеделник до петок 12:15
Сабота и недела 20:30
Сабота и недела 19:40
Понеделник - петок 19:45 часот
Понеделник - петок 21:45
Понеделник - петок 17:00
©2010 sitel.com.mk