Форбс: Најбогат човек во светот е Мексиканецот Карлос Слим
11.03.2010 - 10:23 |
Нов лидер на листата на најбогатите луѓе на светот. Мексиканскиот телекомуникациски тајкун Карлос Слим, со богатство оценето на 53,5 милијарди долари е најбогатиот човек на светот.
Се најде на врвот на листата на магазинот Форбс, пред минатогодишниот број 1, Бил Гејтс, кој сега има половина милијарда помалку и Ворен Бафет со богатство вредно 47 милијарди долари. За првпат во 16 години листата најбогати луѓе на светот не ја предводи Американец.
Во првите 10 најбогати во светот место најдоа и Индијците Мукеш Амбами и Лакшми Митал со 29 односно 27,5 милијарди долари, потоа Лоренс Елисон и Бернарт Арнолт, Бразилецот Еике Батиста, Шпанецот Амансио Ортега и Карл Албрехт од Германија.
Годинава бројот на милијардери порасна во однос на лани. Ги има 1.011 во споредба со 793 колку што имаше минатата година, што за Форбс е знак за опоравување на глобалната економија. Најмногу милијардери има во САД - 403, 64 се Кинези и 62-ца Руси.
Најмладиот милијардер е основачот на Фејсбук Марк Зукерберг со четири милијарди долари.
Виолета Стоименова
Поврзани вести
Бизнис
|



















Коментирај