Македонија
10. May 2016 - 16:19

Дневник: СЈО поднело барање за замрзнување на имотот на Талески без мислење од државното правобранителство

Нестручност, тактизирање или обид за одработување политичка агенда. Јанева свесно поднела фалично барање до судот за замрзнување на имотот на битолскиот градоначалник во случајот Транспортер.

Како што пишува Дневник, Јанева го поднела барањето за замрзнување на имот, иако во него, фалело мислењето на државниот правобранител околу оправданоста на постапката. Согласно законот, тој како адвокат на државата задолжен да го штити државниот имот во вакви случаи мора да го даде своето мислење.

Од Судот потврдуваат дека добиле фалично барање и дека во СЈО се согласиле истото да го преуредат за да биде во согласност со законот.

Интересно е дека Јанева знаела дека барањето е некомплетно и дека по него судот нема да може да одлучува. Таа уште на 28 април побарала правобранителот да се произнесе по случајот. Иако не добила одговор, решила да бара замрзнување на имотот знаејќи дека судот по него нема да може да постапува, што отвора простор за сомнеж дека целата постапка на Специјалното обвинителство има за цел да одработи одредена политичка агенда.

Јанева во својата неколкумесечна кариера како специјален обвинител имаше серија случајни или намерни пропусти.

Јавноста памети дека таа не состави записник при примопредавањето на незаконските снимки на Заев, во чудни околности избрка две обвинителки од работа, а одбиваше да се појави за да даде отчет во Собранието и Советот на Јавни обвинители.