Македонија
28. December 2016 - 16:20

Дневник: Италијанскиот конзул во служба на Заев, Филипо Кандела го одложи последното рочиште за „Поткуп“

Италијанскиот конзул во службa на Заев, Филипо Кандела го одложи последното рочиште за „поткуп“. Под овој наслов, дневниот весник Дневник, открива кој и зошто го одложи последното судско рочиште во кое како осомничен за поткуп е претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Дневник пишува дека таа улога ја имал италијанскиот козул, Филипо Кандела, кој практично за цело време на политичката криза во Македонија е пријателската врска на Заев.

На денот кога беше закажана, па одложена главната расправа за случајот „Поткуп“,лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека дека бил на средба со италијанскиот амбасадор. Но, кога амбасадорот демантира дека средбата се одржала, СДСМ со соопштение го коригираше својот лидер нагласувајќи дека средбата била „со претставник на италијанската амбасада, а на неа бил присутен конзулот на амбасадата“.

За Дневник, клучно е присуството на Кандела на таа средба, посочувајќи дека тоа е истиот човек за кого весникот пишуваше  во август годинава пренесувајќи ја анализата на авторите Матео Албертини и Kрис Делисо објавена во неколку продолженија на нивниот интернет-портал „Балканализис.ком“.

Авторите во таа анализа ја објаснуваат  инволвираноста на италијанската дипломатија и тајната служба во обидот за државен удар во Македонија, конекцијата со поранешниот прв разузнавач, првоосомничениот во случајот „Пуч“ - Зоран Верушевски, обидите и барањата за виза за негово напуштање на Македонија, како и целата хронологија на настаните.

Во таа анализа Kандела е посеочен како една од клучните фигури на италијанската улога во македонската криза. За него е интересно тоа што не е наведен на листата со вработени во италијанското МНР.

- Иако точната разузнавачка улога на Kандела во кризата останува непозната, многу е веројатно дека АИСЕ презела потемелни мерки за да ја избегне видливоста и му дозволила на Белели(тогашниот италјански амбасадор) да ја преземе целата критика, стои во анализата.