„Дизајн што продава“ - викенд бизнис-настан во „Јавна соба“
„Дизајн што продава“ е насловен тридневниот викенд бизнис-настан што ќе почне денеска во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Настанот е можност за размена на деловно-практични искуства помеѓу успешни дизајнери, комуниколози и експерти за маркетинг кои имаат огромно практично искуство кое во овој момент им е нужно на младите претприемачи од Македонија, информираат од „Јавна соба“ кои сое организатори на настанот со Гро ап академи.
Истакнуваат дека програмата e целосно насочена да им помогне на младите претпримачи да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата на домашен, но и на странски пазар.
Програмата нуди и дополнителна можност за тет-а-тет средби и соработка со дизајнери и маркетери од регионот.
Ново на Сител
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија