Македонија
20. September 2017 - 16:27

Диви животни задавија 40 овци во Ветерско

Растргнати утроби, извадени органи, животни кои умираат – ваква слика утрово го дочекала дедо Стеван од велешкото село Ветерско во сопственото трло со овци.. 40-тина грла од стадото настрадале во напад на диви животни..  

Никој од десеттемина жители на селото не знае што се случувало во трлото.. Велат дека не знаат какви диви животни го нападнале стадото овци затворени во трлото на дедо стеван..

И покрај низата повици кон надлежните, ниту една од државните институции не одговорила на повиците за помош од сопствениците на стадото.. Велат дека не знаат што треба да прават со угинатите овци..

Од подрачното одделение на министерството за земјодлество  во Велес, во телефонски разговор за сител изјавиа дека тие немале комисија за штети предизвикани од волци и немаат никаква надлежност..

Жителите на ветерско велат дека одамна во селото немало напад од диви животни.. Дедо Стеван и неговото семејство пак очекуваат надлежните институции да им објаснат што да прават во угинатата стока..