Бизнис
26. March 2017 - 18:00

Директорот положи англиски јазик, па ќе може да ги потпише налозите за исплата на субвенциите за земјоделците

Од утре почнува исплатата на субвенциите за земјоделците. Директорот на Платежната агенција, Игор Златков, го положи англискиот јазик, што беше услов за да ја извршува директорската функција. Со тоа сите формалности се завршени и новиот директор може да ги потпише налозите за исплата на субвенциите.  Земјоделците задоволни. Прво ќе почне исплатата на заостанатите субвенции од 2015 та година

Финансиката поддршка за земјоделците со програмата за 2016 та година изнесува 90 милиони евра. Последниот рок кога треба да бидат исплатени субвенциите  истекува на 30 ти јуни.

Исплатата на субвенциите беше стопирана пред  парлементарните избори заради различното толкување на Изборниот законик. За надминување на проблемот, министерството за земјоделие изготви нов предлог закон, по кој Антикорупциската комисија се произнесе дека исплатата на државната помош за земјоделците, може да продолжи.