Директорот на ЦИА го предупреди Трамп да внимава што зборува и твитува, за да не се наштети на националната безбедност
Директорот на ЦИА Џон Бренан денеска, на заминување од функцијата, упати остро предупредување до новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој в петокот стапува на должност, да си ги одмерува приказните и многу да внимава со Русија за да не им наштети на националните интереси.
За телевизијата „Фокс“ Бренан изјави дека Трамп воопшто нема претстава каква закана претставува Русија за САД. Тој исто така рече дека прашањата на националната безбедност, со кои Трамп ќе се соочи како претседател, не се однесуваат само него. Бренан предупреди дека спонтаноста не е во интерес на безбедноста и дека кога зборува или пишува на Твитер, Трамп треба да е свесен дека може да наштети на САД.
- Не станува збор само за г-дин Трамп, туку за Соединетите Американски Држави, истакна Бренан.
Изборот на Трамп за нов директор на ЦИА е Мајк Помпејо.
Минатата недела Трамп ја обвини разузнавачката заедница за протекувањето неоснована информација дека Русите собрале за него компромитирачки податоци. На Твитер тој ги обвини разузнавачките служби, дека наликуваат на праксата во нацистичка Германија.
- Она што е срамота, е споредувањето на разузнавачката заедница со нацистичка Германија, изјави Бренан. Директорот на ЦИА исто така, рече дека новоизбраниот претседател треба да е свесен каква порака испраќа кон светот, односно дека нема доверба во сопственото разузнавање.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација