Свет
8. October 2015 - 14:55

Директно во центарот: Руски бомбардери го разнесоа кампот за обука на терористите

Руските авиони секојдневно изведуваат нови воздушни напади во Сирија, а досега погодија 10 мети соопштуваат од руското Министерство за одбрана.
 
Во ударите е погоден кампот за обука на терористите, како и фабриките за производство на летите кои ги користат бомбашите-самоубијци.
 
"Како резултат на нашите воздушни напади врз цели на исламска држава, бевме во можност да го прекинеме нивниот систем за контрола и напојната линија на терористичката организација, соопштуваат од Министерството.
 
Како што изјавил секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, главната задача на руското воено воздухопловство во Сирија е борбата против тероризмот и поддршка на легитимните сириските власти во антитерористичките напори.