Фудбал
4. July 2016 - 16:25

Динамо останува без Пјаца и Рог ?

Италијанскиот спортски весник Газета дело Спорт (како што пренесуваат хрватските медиуми) тврди дека Наполи постигнал договор со првите луѓе на Динамо за трансфер на марко Пјаца и Марко Рог. Според нивните информации претседателот на клубот Кристиано Џионтоли ќе отпатува за Загреб за да го реализира договорот, кој е вреден 35 милиони евра (25 милиони за Пјаца, а 10 милиони за Рог).
 
Според Газета останува уште двајцата играчи да ги договорат своите услови и трансферите да бидат реализирани. Проблем може да биде тоа што Пјаца сака премин во Милан или Јувентус.