Бизнис
14. August 2017 - 16:40

Димовски влезе во ССМ, Митревски најавува тужба

Сојузот на синдикати на Македонија доби нов претседател.  Димовски доаѓа на местото на Митревски.

Тој посочи дека Централниот  регистар го спровел решението на министертвото за трду и социјала со кое и официјално станува овластено лице за застапување на ССМ. Прв чекор како што најави новиот претедател ќе биде свикување на вонреден конгрес и доставувања  на платформа до Министерството за труд со која ќе се бара примена на колективните договори и на законот за работни односи кои како што рече отсуствувале во изминатит период.

Митревски   и натаму ја оспорува промената на раководството. Тој не отстапува од функцијата претседател. Не дојде за примопредавање на функцијата. Вели дека неговата промена е незаконска  и најави  тужби за сите кои биле вклучени во прекршувањето на законот.

Реагираа и од Централниот регистар. Од таму велат сите обвинувања дека  не законски е донесено решението се неосновани и неточни

- Централниот регистар постапува во рамките на своите надлежности предвидени во законот. Врз основа на решенијата донесени од министерот за труд Фросина Ременски и министерот Мила Царовска се изврши евидентирање на промена на овластеното лице за застапување на Сојузот на синдикати на Македонија, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Новото раководство на ССМ потенцираа дека приоритет ќе бидат стабилни и сигурни работни места и повиски плати на вработените.

Веќе подолг временски период траат превирањата во ССМ  за тоа кој е легитимен претседател.

Митревски како раководител на Сојузот на синдикати  беше назначен во 2010 година.