Македонија
23. March 2017 - 14:51

Димовски: СДСМ конечно прифати дека ги изгуби изборите

Илија Димовски денеска на прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член. - Доколку СДСМ прифатат дека ги загубиле изборите, работата на Собранието ќе продолжи, а доколку се обидат за постизборна измама, како политичка агенда за редефинирање на државата, сите можности остануваат отворени, изјави тој.