Димитров:Во Лондон сум со цел да добијам поддршка од најстарата демократија во светот
Европската унија ја гледаме како клуб на земји за кои владеењето на правото е важно, медиумите се слободни и механизмите за контрола на власта функционираат, изјави Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Скај њуз“.
Прашан зошто Македонија сака да влезе во ЕУ и што може Велика Британија да направи за тоа, Димитров рече дека во време кога светот станува понепредвидлив, „веруваме дека ќе бидеме побезбедни и сигурни во поглед на нашата иднина ако сме дел од ЕУ“.
- Тие што се внатре често забораваат колку е студено надвор. Во Лондон сум со цел да добијам поддршка од најстарата демократија во светот за тоа што јас верувам дека е многу надежна перспектива за мојата земја Македонија. Успеавме да излеземе од длабоката морална криза како посилни и позрели. Имаме силна одлучност да изградиме вистинска европска демократија и патувам низ етаблираните демократии низ Европа за да ја пренесам таа порака и да ја добијам нивната поддршка. Бидејќи, поддршката од Велика Британија е големо охрабрување на граѓаните на Македонија, изјави Димитров.
Според него, за справување со големите проблеми треба да се дејствува како едно, дали тоа е мигрантската криза, климатските промени или тероризмот.
- Затоа веруваме дека регионот на Балканот ќе биде посреќно место ако е дел од ЕУ, рече Димитров.
Во однос на добрососедските односи со Грција, Димиртов рече дека неговата прва официјална посета била токму на Грција.
- Имав 18 години кога Македонија стана независна. Наскоро ќе имам 45. Треба да направиме повеќе и подобро како генерација, рече Димитров.
Во однос на мигрантската криза, Димитров, рече дека ЕУ треба да продолжи да ја поддржува Турција бидејќи договорот ЕУ – Турција направил голема разлика и балканската рута треба да остане затворена.
- Правиме се што можеме за тоа. Треба да се поддржува и Грција, затоа што надворешната граница на ЕУ е на грчко-турската граница. Мигрантската криза покажа колку Балканот е важен како регион за безбедноста на Европа, изјави Димитров.
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците