Македонија
25. July 2017 - 8:58

Димитров во посета на Албанија

Министерот за надворешни работи на Никола Димитров денеска ќе престојува во посета на Република Албанија, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати.

Во рамки на посетата, покрај со домаќинот, предвидено е Димитров да оствари средби со премиерот Еди Рама и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

По средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.