Македонија
24. July 2017 - 14:37

Димитров утре во посета на Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати,  утре ќе престојува во работна посета на Република Албанија.

Во рамки на посетата, покрај со домаќинот, предвидено е Димитров да оствари средби и со претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Министерството за надворешни работи соопшти дека по средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка прес конференција на двајцата министри.