Димитров: Посакуваме во среда Нимиц да излезе со првичен предлог за името
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во синоќешното интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека сѐ уште нема предлог за решавање на спорот со името, но воедно истакна дека медијаторот Метју Нимиц е охрабрен да излезе со првична рамка уште следната недела.
„Сѐ уште на маса немаме предлог за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило“, изјави министерот Димитров во рамки синоќешното интервју.
Како што истакна тој, факт е дека меѓу Македонија и Грција и натаму постојат разлики и во наредниот период ќе се види дали ќе биде возможно тие да се надминат.
„За Грција е многу важно да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во однос на идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин да објаснуваме и да елаборираме“, рече Димитров.
Според него, не може Македонија да биде само грчка бидејќи не е, но исто така не може ниту Македонија да биде само наша бидејќи не е, а географскиот регион е голем и има три држави.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион