Македонија
22. јуни 2017 - 16:09

Димитров очекува договорот со Бугарија да влијае и врз Грција-ОМО Илинден-Пирин бара Македонците да влезат во договорот

Македонија ја очекува поддршката од Бугарија за време на нејзиното претседавање со Европската Унија, период значаен за македонските евроинтегртации. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за бугарски БГНЕС, вели дека таквата поддршка Македонија ја заслужува, но особено што верува дека до 1 јануари, кога официјална Софија ќе го преземе преседавањето меѓу двете држави ќе нема отворени прашања.
 
Димитров смета дека новиот приспат кон соседите, што новата влада го демонстрираше во Софија е патот кон создавање на здрави добрососедски односи. Во тој контекст очекува и позитивен фидбек и од Грција, битедјќи како што вели тоа е и најдобриот приницп за соработка во регионот. колку повеќе заедно чекориме кон Европа, толку повеќе се намалува просторот за старите сили кои што имаат други цели, вели Димитров.
 
Димитров беше дел од владината делегација при официјалната посета во Софија, каде премиерите Борисов и Заев договорија потпишување на договорот за добрососедство.
 
 Иако македонците во Бугариај ги подравуваат напорите за воспоставување на принципи за добрососедство, сепак ОМО Илинден Пирин бара во тој договор да влезат и прават на македонското манцинство во Бугарија и на бугарскто во Македонија.
 
Што се однесдува за заеднички чествувања на исторски настани, ОМО Илинден Пирин смета дека општи чествувања на поедини датуми во принцип не е лоша идеја, меѓутоа во услови на продолжувачко отворено негирање на македонската нација и малцинство од страна на Бугарија општите чествувања нема да бидат од корист.
 
-Наметнати од позиција на сила и како условување во врска со македонската интеграција во Европската унија истите нема да имаат долга иднина, а ниту некој позитивен ефект. Ако сака вистинско зближување Р Бугарија треба да започне да размислува за нова стратегија на отповикување на досегашната негаторска политика, стои во реакцијата на ОМО Илинден Пиринp