Димитров на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ во Дубровник
Во рамки на финалните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ на Хрватска, делегација од Република Македонија предводена од министерот Никола Димитров, денеска во Дубровник ќе учествува на Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на ПСЈИЕ.
Димитров, како што информираат од МНР, во свое обраќање на состанокот ќе ги изнесе погледите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во Регионот и нивното влијание врз целокупната соработка, како и начините за унапредување на истата особено во форматот на ПСЈИЕ. Се очекува дискусија за начините и модалитетите за надминување на сегашните предизвици и максимизирање на заедничките можности користејќи ги досегашните искуства во рамки на Процесот но и со другите иницијативи и организации, особено во секторот за поврзување, комуникација, транспорт и енергија.
Министерот Димитров утре се очекува да учествува на дванаесеттиот по ред традиционален Дубровник форум под наслов "Јадранско-медитеранската соработка и безбедноста во Југоисточна Европа".
Како и во претходните години, и оваа година Форумот ќе биде посветен на актуелните теми во Регионот, решавање на заедничките предизвици за безбедноста и стабилноста во Јадранско - медитеранската област, можности за развој на бизнис во источниот Медитеран. Исто така во фокусот на дискусиите на Форумот ќе биде и меѓузависноста на состојбите на Блискиот Исток, Северна Африка и Европа, како и мобилноста и образованието на младите.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор