Македонија
8. September 2017 - 16:09

Димитров: Македонија ќе прими бегалци кога ќе стане членка на ЕУ

Македонија е подготвена да прими бегалци од Унијата кога ке  стане нејзина членка, изјави во интервјуто за Дојче Веле шефот на дипломатијата Никола Димитров, непосредно предпред заминување на состанокот на министрите на ЕУ во Талин.

Токму радиказлизмот, миграцијата и безбедноста денеска беа теми на минситерскиот  состанок во Талин.

Димитров ја истакнал потребата регионот да се интегрира во  Унијата за да може успешно  да се одговори на безбедносните предизвици.

На маргините се разговарало за проширувањето на ЕУ и реформите во државите кандидати за членство ЕУ, чии министри исто така учествуваа на состанокот.

Димитров во Талин се  сретнал и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан,при што го запознал со  постиогнатото во  првите 100 дена од Новата  Влада.