Димитров: Бугарија сака Србија што поскоро да влезе во ЕУ
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во проштална посета го прими бугарскиот амбасадор во Србија, Ангел Димитров, кој во текот на средбата кажа дека Бугарија на Србија, како свој сосед, и посакува што побрз прием во европското семејство.
Премиерот Вучиќ на бугарскиот дипломат му се заблагодари на делотворната соработка, која придонесе за развојот на добрите и стабилни политички односи меѓу двете земји.
Српскиот премиер, како што соопшти Владата на Србија, го нагласи и значењето на соработката во рамки на „Крајова групата“, во која Србија и Бугарија, заедно со Романија, разговараат за прашањата од заеднички интерес.
Исто така, како што се наведува од српската Влада, Вучиќ го изрази и интересот да се реализираат проектите од патната и железничката инфраструктура што ќе ги приближи двете земји и ќе придонесе за раст на економската соработка, особено на растот на бројот на туристички посети.
Премиерот Вучиќ изјави и дека во Србија постои јасна политичка волја за решавање на прашањето на бугарското национално малцинство.
Тој му се заблагодари на амбасадорот Димитров и за подршката што Бугарија и ја дава на Србија на патот на евроинтеграциите.
Амбасадорот Димитров го истакна значењето на отворањето на поглавјата 23 и 24 во преговарачкиот процес за придружување кон Европската Унија, бидејќи Бугарија што побрзо ја сака Србија во европското семејтство.
-Заминувам од Србија задоволен што односите меѓу земјите се на високо ниво, рече амбасадорот Димитров.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок