Бизнис
8. January 2017 - 19:36

Димитриоски: 2017та ќе биде година во која АЕК ќе бара нови играчиз а македонскиот пазар

Заврши година со големи поместувања во телекомуникациите. По двете спојувања, на македонскиот пазар сега доминираат две од најголемите светски телекомуникациски корпорации, Америка Мовил и Дојче Телеком.

Агенцијата за електронски комуникации констатира дека тоа помина со 15 процентно зголемување на цените, односно граѓаните за истите пари почнаа да добиваат помалку. Директорот Сашо Димитријоски вели дека по јавната реакција од АЕК цените се сега се стабилизираат.

По неколку пропаднати обиди за вирутелен оператор, лани на пазарот почна со работа компанија кокја се фокусира на повици кон странство. Податоците на АЕК велат дека во Европа функционираат околу 600 вирутелни оператори кои држат од 10 до 40% од пазарите во поединечните земји и дека со фокус на посебни групи на корисници тие придонесуваат за конкуренција во секторот.

Такви се очекувањата и од засега неименуваната светска компанија која ќе влезе на македонскиот пазар годинава.

Напордно, АЕК работи и на привлекување на нов мрежен мобилен оператор. Известени се сите поголеми оператори од регионот и пошироко и во план е да се објави аукција за слободните фреквенции.

Мерењата кои го спроведува агенцијата покажуваат дека квалитетот на услугите за македонските корисници се далеку над пропишаниот минимум, вели Димитријоски.

Интернет комуникацијата предизвика драстичен пад на профитите на телекомунициските компании. Клучна за нив, но и за корисниците, е дебатата за нет неутралноста, принципот според кој компанииите мора да нудат еднаков пристап до интернет за секого.

Еден до проектите на АЕК за 2017-та е интерактивна мапа која ќе прикажува што и со каков квалитет се нуди операторите на било која точка во државата.