Фудбал
10. November 2016 - 19:42

Димитриевски по 4 години повторно во Гранада

Еден од играчите кој е во фокусот во нашиот национален тим  пред квалификацискиот дуел со Шпанците секако е Столе Димитриевски кој е единствениот репрезентативец кој настапува во Шпанија и тоа по игра на случајот претходно беше токму во Гранада каде се игра саботната средба а сега е во дресот на второлигашот  Гимнастик:

„Како што знаете тука во Гранада бев 4 години. Добро ги познавам навивачите. Ова е фудбалски град и затоа веќе картите се распродадени. Очекувам добар натпревар и убава атмосфера. Една од причините што средбата се игра во Гранада е што тука во Андалузија е потопло отколку во северните делови.  Лично очекувам да го дадеме максимумот да прикажеме добра игра како на претходните средби и време е конечно за добар резултат. Лично сум подготвен за предизвиците од дуелот со Шпанија и доколку добијам шанса од селекторот верувам дека ќе бидам на потребното ниво“.-изјави за ТВ Сител Димитриевски.