Кошарка
11. September 2017 - 10:36

Димитриевиќ блесна во дресот на Хувентуд

Големата македонска кошаркарска надеж Ненад Димитриевиќ повторно ги одушеви фановите на Хувентуд откако со неговите прецизни удари и ефикасност обезбеди победа за својата екипа од 87-79 во контролен дуел пред стартот на првенството . Димитриевиќ беше најефикасен со 20 поени, а промаши само еден удар за тројка од 6 обиди. Блескавата претстава Димитриевиќ ја дополни со 4 скока и три асистенции. Тој беше најефикасен во победничкиот табор, а само уште двајца кошаркари кај Хувентуд, Џером Џордан и Патрик Ричард имаа двоцифрен број на поени, 13, односно 12.