Џет-Сет
21. August 2016 - 12:45

Димитар ја запроси Сара, пејачката кажа ДА

Далеку од очите на јавноста, далеку од очите на пријателите, пред неколку дена популарниот водител Димитар Атанасовски на една позната плажа во Грција ја запросил својата долгогодишна љубов, познатата пејачка Сара Мејс.

Како што пишува Телеграф.мк, Димитар запросувањето сакал да го направи без присуство на нивните најблиски пријатели и што е можно подалеку од очите на јавноста.