Тенис
1. July 2016 - 19:43

Димитар Грабул ќе игра во 1/2-финалето на турнирот во Скопје

 
 
 Македонскиот тенисер Димитар Грабул ќе игра во полуфиналето на ИТФ фјучрс турнирот што се одржува на терените на „Тенис парк“ крај СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје, а се игра за награден фонд од 10.000 долари
 
По голема борба во четвртфиналниот меч против првиот носител на овој турнир Кристофер О‘Конел од Австралија, а кој се играше речиси два часа (1 час и 55 минути) славеше победа во два сета (2-0).
 
Македонскиот тенисер го доби првиот сет во тај-брејк со 7:6 (7:2). Во вториот се водеше уште поголема борба. Првиот фаворит О‘Конел направи брејк во шестиот гем да водство од 4:2, но Грабул веднаш возврати, а потоа и го освои гемот на свој сервис за израмнување на 4:4. До крајот на дванаесеттиот гем двајцата тенисерите ги добиваат гемовите на свој сервис, по што и овој сет замина во тај-брејк. А, во него. Грабул покажа поголема смиреност во клучните удари, па го освои гемот со 8:6 на поени, односно, конечни 7:6 во гемови и 2-0 во сетови се пласира меѓу четворицата најдобри.
 
Со тоа Грабул се избори за место полуфиналето на овој турнир, во кое за противник Кристијан Месарош од Хрватска, кој во четвртфиналето беше подобар од нашиот тенисер Томислав Јотовски кого го совлада убедливо со 6:0 и 6:0.