Џет-Сет
24. February 2017 - 14:17

Димитар Андоновски стана татко-Се роди Михаил

Македонскиот пејач Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина денеска станаа родители на Михаил. Ова е прво дете за младите родители.
 
– Господ нѐ благослови и на овој свет се роди Михаил. Станав татко на преубаво бебе. Те сакам љубов моја Христина – напиша пејачот на социјалните мрежи.
 
Димитар е во брак со Христина повеќе од една година. Пејачот клекна пред убавата прилепчанка за време на неговиот концерт во Битола и по само неколку месеци забавување ја побара за жена.