Џет-Сет
18. January 2018 - 14:28

Дилара од „Парампарче“ стана мајка – еве ја првата фотографија со бебенцето

Турската актерка Ебру Озкан и нејзиниот сопруг, актерот Ертан Шабан, станаа родители – пишуваат турските медиуми.

Изминатата недела познатата двојка доби ќерка која го носи името Биричик што во превод значи „Единствена“.

Во медиумите се појави и првата фотографија од мајката и бебенцето, која инстантно се рашири и во останатите европски медиуми.

Инаку, Ертан и Ебру ја официјализираа својата љубов пред две години.