Живот
22. May 2017 - 14:37

Диктатура: Ова е стан на просечно семејство во Северна Кореја

Северна Кореја зазема површина од 120.540 квадратни километри и има околу 25 милиони жители.

Новинарот на Си Ен Ен Вил Рипли доби ретска можност да влезе и да сними еден стан на просечно семејство, иако веќе неколку месеци се многу затегнати односите меѓу Северна Кореја и остатокот од светот, поради ракетните проби на Ким Џонг Ун.

Рипли доби увид во секојдневниот живот на жителите, а до сега 12 пати бил во оваа држава.

Станот во кој влезе екипата на Си Ен Ен се наоѓа на 13 кат, а на новинарите им напоменаа дека поради електрични пречки лифтовите главно не се користат.