Македонија
19. October 2017 - 19:19

ДИК расправа по поднесените приговори на гласањето на првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија одби три од приговорите кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе за изборите што се одржаа во неделата. Државната изборна комисија денеска почна со разгледување на 43 приговори поднесени од партии и носители на листи за начинот на кој се одвивало гласањето или пак, з аизборните резултати од локалнит еизбори. Но, по осум часа расправа успеаа да разгледа смао шест од нив. Иако рокот за донесување на одлуки по приговорите истекува во 19 часот, извесно е дека ДИК ќе го продолжи овој рок.

Со пет гласа „против“ и четири гласа „за“ Државната изборна комсија го одби приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласачко место во општина Центар за кое и во самиот извештѕај е констатирано дека во кутиите има плус гласачко ливче. Имено на избрачкиот спсиок потпишани се 351 гласач, додека пак во кутиите за градоначланик и совет на општина Центар, како и за градоначланик и совет на г. Скопје има 352 ливчиња. Од опозициската партија с есомневаат на фалсификат и побараа прегласување. ДИК одлучи да биде сослучан избрачкиот оддбор за да објасни ситуацијата како било можно гласач да добие гласачки ливчиња без да биде потпишан во спиокот. Ччленовите на одборот беа сослушани, но не се дозволи нивно снимање од страна на медиумите. Тие образложија дека е направен немаерен пропуст во ситуација кога на гласачкотот место имало повеќе избирачи истовремено.

Државната изборна комсија го одби приговорот и на ВМРО-ДПМНЕ за гласачко место во Прилеп за кое партијата добила извештаи за гласањето и реузлтатите кои не биле потпишани од членовите на избрачките одобри, иако тоа е зкаонска обврска. По уводот во оригиналните документи утврдено беше дека записниците сепак се потпишани. Одбиен е и приговорот на оваа партија за гласачко место во Жирче петров каде во кочанот за градоначланик на г. Скопје имало гласачки ливчиња за совет на град Скопје. Со мнозинство гласови ДИК утврди дека се работело за грашка во печатењето на ливчиња и немало проблем во гласањето.

Најголем дел од приговоите на опозиската партија се однесуваат на изборот на градоначалник во г. Скопје, Прилеп и Радовиш. Чекаат на ред и приговорите на Алијанса на Албанците за Гостивар и ан ТМОРО за Скопје.

Расправата во ДИК се одвива во тензична атмосфера со постпјани дофрлувања меѓу членовите на власта и опозцијата и со многу прекини.