Македонија
22. March 2016 - 8:22

ДИК ќе го соопшти начинот на спроведување на теренските проверки

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе го соопшти начинот на спроведување на теренските проверки на податоците кои произлегоа од Извештајот од вкрстените проверки на базите на десет институции, чија цел е прочистување на Избирачкиот список во пресрет на вонредните парламентарни избори. 

Претставници на Комисијата, исто така, ќе ја презентираат медиумската кампања „Отворени врати“ преку која граѓаните треба да се информираат и да се мотивираат за соработка со тимовите на ДИК кои ќе ја спроведат теренската проверка.