Македонија
26. July 2016 - 19:02

ДИК го објави списокот со 39.502 спорни гласачи- Меѓу нив познати новинари и политичари

Павле Трајанов, Мирјана Најчевска, сестрата на Радмила Шеќеринска, Ивона Талевска, Коле Чашуле, Ерол и Горан Ризаови се меѓу спорните гласачи објавени на интернет страницата на ДИК. Државната изборна комисија ги објави имињата на 39502 спорни записи поради кои Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бараше одложување на изборите. Сите наведени имаат рок од 25 дена да се пријават во комисијата лично или по електронски пат.

Дел од нив преку социјалните мрежи порачаа дека е понижувачки што повеќе пати се појавуваат на списокот на спорни гласачи.

-ДИК е составена од банда идиоти (од прв до последен без разлика на пол, верска или национална и партиска припадност) кои или незнаат да читаат па не им е јасно како да го употребат Правилникот, или немаат врска со мозокот, а камоли со работата, или пак намерно се изживуваат што го подведувам под вознемирување и барам соодветно да бидат казнети. Во секој случај, јас немам намера да одам и да докажувам дека постојам и немам намера да гласам во државата во која заштитата на моето право е во рацете на една ваква банда идиоти, напиша Најчевска на Фејсбук.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со ова ќе се стави крај на манипулациите на опозицијата со така наречените фантомски гласови.

Гласачите кои се најдоа на списокот имаат краен рок до 19 август да се пријават о спротивно со последните измени на Изборниот законик ќе го изгубат правото на глас.