Македонија
19. December 2016 - 16:33

Дијаспората од Западна Австралија бара да запре мешањето на странските претставници во внатрешните работи

Македонската дијаспора од Австралија  со порака до странските претставници во РМ да престанат да се мешаат во внатрешните работи на државата. Преку заедничко писмо бараат од  ДИК да не се игра со чувствата на македонските гласачи и  да собере сила без притисок од странските амбасади и наредбодавци од СДС да ги признае изборните резултати. Македонците од дијаспората уште еднаш недвосмислено ја искажаа поддршката за ВМРО ДПМНЕ и преку писмо бараат како и првиот пат така уште еднаш комисијата да излезе и да го признае победоносниот резултат на ВМРО ДПМНЕ со што ќе овозможат РМ да го задржи пиетето на демократска земја со функционални институции.

„-Од осамостојувањето па до денешни дни во овие 25 години, СДС на сите парламантарни, претседателски или општински избори се појавува со анти  – македонска  политика кон својот  народ, и ниту еднаш досега  не  го освоиле гласот на народот преку почитување на волјата  на  македонските граѓани. Во 1994 и 1995 година на парламентарните и претседателските  избори  тогашните  политички структури доделија преку  140.000  државјанства  на  жители  од  Косово  кои од  ЕУ  беа  протерани,  а Македонија беше транзитна  земја.

Од обединети македонски организации од западна Австралија прашуваат дали политичкото лицемерство во надградна форма е нова политичка иднина, дали неговата најава за двојазичност на цела територија на Република Македонија е континуитет на она што неговиот претходник  и иделог го направи на територијалната поделба кога на изборите во 2002 година им  беше ветено дека во сите општини во кој мнозинството граѓани беше македонско ги направи да имаат градоначалници од малцинските етнички заедници односно Албанци.

Оттаму велат дека работењето на ДИК се претворило во пародија со донесувањето на незаконската одлука и со цел изигрување на изборната волја на граѓаните. На македонската политичка сцена нема место за лидер на македонска политипчка партија кој јавно поддржува друга држава и пропагира разнебитување и поделба на Македонија стои во писмото од дијаспората. 

И политичкиот аналитичар Клековски во изјава за Танјуг вели дека очекува од управниот суд да ја поништи одлуката на ДИК за прегласување во Гостивар.

– „Отфрлани се тужби да поради еден глас биде поништено гласање на избирачко место каде има 800 и повеќе гласачи, бидејќи тој еден глас не можел да влијае на резултатите од изборите. Моето очекување е дека Судот ќе го отфрли решението на ДИК за поништување на гласањето, со што би се отворила следната фаза, формирање на влада„

Претходно лидерот на ВМРО ДПМНЕ пред револтираните граѓани кои протиестираа пред ДИК го објави прогласот на партијата со кој повика никој да не врши притисок врз Управниот суд . Доколку истиот подлегне на влијанијата од страна и ги уважи  незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ рече Груевски нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од истото.

Прогласот на партијата експертската јавност го оцени државнички став и  глас на сите загрижени граѓани кои во овие клучни моменти чувствуваат дека земјата е ставена во замка и се прави обид да се фалсификува нивната изразена волја.