Бизнис
20. August 2017 - 16:30

Дијаметрално спротивставени мислења имаат претставниците на власта и опозицијата по прашањето на пензиите

Нема покачување на пензиите од 1 септември. Сметките на околу 300 илјади пензионери ќе бидат зголемени за само 180 денари, колку што изнесува законската обрска за усогласување врз оснава на растот на трошоците за живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.. Од партијата  обвинија дека – наместо 5% , пензиите ќе пораснат незначително, што значи месечно пезнионерите ќе добиваат 500 денари помалку   или годишно над 5,000 денари.

- Во времето на ВМРО ДПМНЕ просечната пензија се покачи од 7,634 денари на 13,755 денари. Владата на Груевски превземаше низа мерки и низа проекти за подобрување на квалитетот на живеење на пензионерите. Користеа бесплатна климатко бањска рекреација, бесплатен викенд, превоз и слично, изјави Нермин Теловска, ВМРо ДПМНЕ

Министерката за труд Царовска, пак, пред два дена изјави дека токму ВМРО ДМПНЕ е партијата која ги кратела пензиите кои им следувале

- Ние ќе им дадеме за една година 2.160 денари. Во 2016 година пензионерите едонкратно добија 630 денари зашто усогласувањата, двапати годишно, ВМРО-ДПМНЕ ги скрати. Со тоа им било скратено правото на пензионерите, како растат трошоците за живот и платите, така да им растат и пензиите. Секоја година ВМРО-ДПМНЕ укинуваше по некој член, а даваше пет отсто или практично, четири пати помала сума, изјави Мила Царовска. министерка за труд и социјала.

Но што сакаше всушност да каже Царовска.

Последното покачување на пензиите од владата на ВМРО-ДПМНЕ се случило во ноември лани што значи дека во 2016 година пензионерите земале само една покачена пензија, и тоа, покачена за 600 денари. Оттука, Царовска вели дека во 2016 година пензионерите земале само 600 денари повисока пензија. Потоа, таа вели дека со покачувањето од 180 денари месечно кое го прави владата на СДСМ, пензионерите за 12 месеци ќе земат 2160 денари повисока пензија. 2160 е повеќе од 600 денари, но за да се стигне до овие 2160 денари, пензионерите ќе треба да чекаат до следниот септември во 2018 година.
Ако одиме со речникот на Царовска, во 2017 година од септември до крајот на годината ќе има простор за 4 пензии што значи дека вкупно за 2017 година за сите 4 месеци заедно (од септември до декември) пензионерите ќе земат 720 денари повисока пензија од онаа која ја земаат сега и тоа вкупно на годишно ниво.

Ако се направи математиката со 2016 година, кога само 1 месец им била повисока пензијата, тогаш пресметката вели дека за цела 2016 вкупното покачување било за 120 денари пониско од вкупното покачување за 2017, иако лани, пензијата била покачена само 1 месец, а годинава 4 месеци.
Но да ја земеме и вкупната бројка на годишно покачување на пензиите. За 12 месеци, СДСМ ја покачува пензијата за 2160 денари (значи 180 денари месечно). Во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензијата се покачувала за 600 денари месечно или вкупно 7200 денари годишно што е за 330% повеќе.

Математиката вели дека пензионерите во цела 2017 година како резултат на покачувањето на пензиите од Владата на ВМРО-ДПМНЕ добиле 7200 денари вкупно покачување.  Ако СДСМ ја покачува пензијата за 2160 денари годишно, само за да се стигне покачувањето од 2017 година ќе бидат потребни повеќе од 3 години, што значи дека оваа година, пензионерите го земале целото покачување што СДСМ го ветува за наредните 3 години.