Loading Video...
Ракомет
30. October 2017 - 18:34

Дибиров и Гонзалез во тимот на месец октомври во СЕХА лигата

 
Тимур Дибиров и Раул Гонзалез се претставниците на македонскиот, европски и регионален шампион, ракометен Вардар во најдобриот тим за месец октомври во СЕХА лигата. 
 
Вардар кој е единствениот тим со максимални шест победи, во октомври оствари две над ППД Загреб пред својата публика и Целје на гостувањето во Словенија. 
 
Дибиров на двата меча постигна по шест гола и заслужено се најде во најдобриот тим, во кој како тренер е избран вардаровиот предводник Раул Гонзалез, што е второ вакво признание за Шпанецот. 
 
Покрај Вардар и екипите на Мешков Брест, Татран Прешов и Горење Велење имаа успешни настапи, па затоа токму играчи од овие екипи се најдоа во тимот на месецот.
 
Тим за месец октомври во СЕХА лигата: 
голман – Клемен Ферлин (Горење Велење)
лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
десно крило – Бруно Буторац (Татран Прешов), 
пивот – Марин Шипиќ (Нексе), 
левиот бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб), среден 
централен бек – Лука Митровиќ (Целје Пивоварна Лашко), 
десен бек -  Константин Игропуло (Мешков Брест), 
Тренерот – Раул Гонзалез (Вардар). 
 
Натпреварите во регионалната лига ќе продолжат со два меча во сабота, додека Вардар и Металург ќе играат на 14 и 15 ноември. Вардарци го пречекуваат Динамо Панчево, а Металург ќе гостува во Брест кај Мешков.