Балкан
15. јуни 2016 - 16:26

Девојки се шокирале кога во автомобилот затекнале змија!

Неколку девојки во Тузла се шокирале кога во вдлабнатинка за врата на автомобил затекнале змија, пишува Тузлански.ба.

Оваа несекојдневна глетка се слушила на паркингот кај Панонските езера.

- Застанавме на другата страна на автомобилот, едно време вратата беше отворена, не ни помисливме дека вакво нешто може да се случи. Кога тгнавме да влеземе во автомобилот, забележавме змија и многу се исплашивме, раскажува една од девојките.