Живот
24. March 2017 - 0:05

Девојката му раскина, а еве како изненадување му приреди соседот

Што би направиле кога ќе видите дека вашиот сосед се разделил со неговата девојка. Поголемиот број од нас, не би направиле ништо, но овој тип направи потег кој освои многу симпатии кај луѓето на социјалните мрежи. 

Откако видел дека девојката на соседот се исселила од станот, тој одлучи да напише порака за да го утеши. И не само тоа, туку му оставил и 50 долари.

Во пораката пишувало:

- Еј стари,

Видов дека твојата девојка се исели вчера. Многу ми е жал за тоа, човече. Има уште многу риби во морето. Земи ги овие пари и раситни ги по еден долар и оди во стриптиз клуб. Тргни се, соседе.

Многу коментари биле дека пораката е одличен пример на „машки код“, но се најдоа и оние кои имале многу нешта да кажат за овој симпатичен гест.

- Сигурно спиел со неговата девојка па чувствува грижа на совеста, гласеше еден од коментарите.

- Расплет на настанот: Неговата поранешна работи во стриптиз клуб, гласеше друг коментар.

- Не се сели белким во станот 3Ф?, пишуваше во еден од коментарите.

И покрај троловите со голема фантазија, голем број од нив сепак мислат дека  се работи само за убав гест.