Балкан
4. October 2015 - 12:38

Девојка си пукала во глава, а куршумот го погодил и љубовникот

Турчинка почина, а партнерот е тешко повреден во очигледен обид за двојно убиство на најпознатата трговска улица во Истанбул, јави AFP.
 
Жената и партнерот седеле на тротоар на раздвижениот булеварот “Истиклијал”, каде се собрале неколку млади.
 
Таа извадила пиштол од чантата и се застрелала во главата со еден куршум, кој се одбил од черепот го погодил и нејзиниот партнер. Жената умрела во болницата, а мажот останува во критична состојба. Обидот за самоубиство предизвика паника на булеварот “Истиклијал”.