Живот
8. September 2015 - 11:31

Девојка повраќала, па отишла на лекар - Пред докторите се наоѓал медицински феномен

Една 24-годишна девојка од Кина отишла на болница, бидејќи имала непрекината мачнина и повраќала веќе неколку месеци.

Докторите се шокирале. Пред нив се наоѓал вистински медицински феномен. Оваа Кинеска немала мал мозок.

Докторите подоцна дознале дека таа сама проодела дури на седум години, а на шест започнала да зборува. Денес, таа е нормално развиена.

Иако не завршила училиште, не изгледа како да има проблем со интелигенцијата. Во медицината се забележани само девет случаи на луѓе кои се родени без малиот мозок, што значи дека моторните вештини, како одржување рамнотежа, ориентација во просторот, стоење и одење, се неразвиени.

Докторите сепак мислат дека оваа девојка ќе почине млада.