Македонија
21. February 2017 - 13:43

Девојче силувано од нејзиниот братучед

Вчера во 14.00 часот во НК КР Ресен, четиринаесетгодишно девојче од Битола, заедно со нејзиниот татко О.И., пријавиле дека И.Н. (18) од Битола,  кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати  извршил полови дејствија над неа.
 
Првото дејствието се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејствие. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко.
 
ПС ОН Ресен презема мерки за целосно расчистување на случајот.