Македонија
8. October 2015 - 16:33

Девојче на 3 години донесено мртво во болницата во Прилеп

Тригодишната Анета Реџеповска од Прилеп, утрово околу 8 часот, без витални знаци на живот била донесена на Детското одделение во прилепската Болница, каде, лекарите, за жал биле немоќни да сторат било што за да ја вратат во живот, бидејки девојчето веќе било починато. Првично, нивните сомненија се дека детето починало од труење со храна, заради што, неговото тело веднаш е предадено на обдукција.Според роднините на малата Анета, девојчето претходниот ден јадело сендвич по што настанале компликациите, иако веднаш била побарана лекарска помош.
За случајот се заинтересираа и од Здружението Рома СОС, и побараа целсно испитување на случајот.
 
Инаку, од страна на прилепската Болницата, веднаш било алармирано и ресорното министерство, како и Центарот за јавно здравје кој треба да изврши комплетна стручна епидемилошка анализа.    
Според информациите добиено од Болницата, лекарите случајот го пријавиле и во ПС во Прилеп, од каде, преку истражните органи, покрената е и постапка за утврдување на причинте кои довеле до оваа голема трагедија.