Балкан
23. November 2017 - 15:34

Девојче (12) спасено од рацете на терористи: Оженет Босанец близок до исламистите ја грабнал Ениса за да се ожени со него

Припадниците на босанската полицијата уапсија две лица, осомничени дека го грабнале девојчето Ениса Мухиќ (12) која е пронајдена по 5 дена потрага.

-Во врска со случајот на исчезнувањето на девојче на подрачјето на општината Ново Сараево уапсени се Кенан Кршо и Јасмин З., потврдија од МВР на Кантонот Сараево.

Неофицијално, се дознава дека Ениса е пронајдена во стан на улицата „Породица Рибар“, во сараевската населба Храсно, а при нејзиното изблекување реагирале и специјалци од полициските единици.

Да потсетиме, девојчето во петокот од својот дом се оддалечило во непознат правец, по што нејзината мајка го пријавила исчезнувањето. Потоа во потрагата се вклучиле полициските единици, кои 5 дена интензивно трагале по неа.

Емира Башиќ, мајка на девојчето тврдела уште веднаш од исчезнувањето дека нејзината ќерка е грабната и дека тоа е дело на маж кој е добро познат на сараевската полиција и повеќе пати апсен. Таа рекла дека неговата сопруга барала Ениса да се омажи за него.

-Ние живееме во Германија и требаше да се вратиме дома. Во петокот отидовме да пазариме и после тоа дома да ги спакуваме работите. Ениса излезе од дома и не се врати. Претходно кај една пријателка запознавме жена, која Ениса сакаше да ја омажи за својот маж. Подоцна ни испраќаше пораки, но не и одговарав. Кога исчезна ќерката, сето тоа го пријавив во полицијата, рече мајката на девојчето.

Уапсениот Кенан Кршо (41) бил долгогодишен зависник од хероин и други опијати, и лице со дебело криминално досие. Во последно време „се свртел кон верата“ и станал познат како голем симпатизер на тн. Исламска држава. Кршто е лице кое повеќе од 20 години и е добро познато на полицијата и. Имено, тој во судар со законот дошол и пред две години кога во јануари 2015 година во џамијата на Стара Бреца предизвикал инцидент и вербално го нападнал имамот Мухамед Велиќ.

Кршо со двајца пријатели тогаш упаднал во џамијата и на себе носел маица со знаме на ИСИЛ, за да го прекине познатиот сараевски имам, извикувајќи: „Лажеш“.

Кршо подоцна на Башчаршија се појави со маичка со обележја на Исламската држава. Тогаш го легитимирала полицијата. Во 2016 година го апселе специјалнците на СИПА поради врска со терористички активности. Тогаш кај него е пронајдено оружје за кое немал дозвола.

Обвинителството на БиХ и полициските и безбедносните агенции, дошле до сознанија дека овој осомничен краток период престојувал на подрачјето на Сирија, и дека остварува контакти со тн. вехабистичко движење на БиХ, кои како припадници на ИСИС и паравоените формации се борат на боиштата во Сирија и Ирак, што на државјаните на БиХ со закон им е забрането.