Македонија
5. October 2016 - 22:13

Деветто „Ѕвездено небо на Тоше“

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржи деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше. 

Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни. 

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата. 

На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.