Македонија
26. April 2017 - 18:33

Деветнаесето продолжение на конститутивната седница

Таканаречената Тиранска платформа останува во фокусот на собраниската дебата по третата точка од дневниот ред на конститутивната седница. За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, документот е сериозна постизборна измама и за неа не гласале граѓаните на изборите во декември. Поради ова, сметаат дека за излез од кризата е неопходно во најкратко време да се избере претседател на собранието кој веднаш ќе распише нови парламентарни избори.

И во денешото продолжение од конститутивната седница продолжи молкот на пратениците од СДСМ.. За нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е одраз на страв да се соочат со избори со оние на кои има ја подметнале платформата од Тирана.

За пратениците од албанскиот политички блок пак дебатата која се води е непродуктивна и таа не води кон решавање на кризата и деблокада на Собранието.

Собраниската седница продолжува утре на која пратеницте 20-ти ден по ред ќе разговараат за избор на состав на комисијата за прашања на изборите и именувањата.