Балкан
8. September 2015 - 14:12

Деветнаесет партии и пет коалиции се пријавија за учество на изборите во Грција

Деветнаесет партии и пет коалиции поднеле во грчкиот Врховен суд барање за учество на претстојните предвремени парламентарни избори, соопшти електронското издание на грчкиот весник „Газета“, пренесува БТА.

Според законот, сега Врховниот суд треба да одлучи кои кандидати да бидат примени да учествуваат на изборите. При последните избори во јануари оваа година барање за учество поднесоа 21 партија и коалиција, но три од нив беа отфрлени од судот.

Предвремените парламентарни избори се закажани за 20 септември.