Свет
6. October 2017 - 8:37

Деветнаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Русија

Деветнаесет лица загинаа синоќа во сообраќајна несреќа меѓу автобус и воз на железнички премин во рускиот Владимирски регион. Ова го соопштија здравствени власти од градот Владимир, кој се наоѓа 178 километри источно од Москва.

Според последните податоци, 34 лица ја преживеале несреќата. Сите се однесени во пункт за привремено сместување. 

- Започна идентификација на телата,изјави Александар Кирјихин, директор на регионалниот здравствени оддел .