Свет
16. September 2016 - 10:58

Деветмина повредени во силна експлозија во Дижон

Најмалку девет лица се повредени денеска, од кои едно потешко, во експлозијата која го потресе францускиот град Дижон.

Засега не е позната причината за експлозијата, но се претпоставува дека е гас, соопштија локалните власти.

Од силната експлозија делумно се урна една зграда, која е евакуирана.

Медиумите наведуваат дека под урнатините се наоѓа едно лице, кое спасувачките служби се обидуваат да го извлечат.