Свет
26. јуни 2017 - 10:21

Девет загинати и 28 изчезнати туристи при потонување на брод

Девет лица загинаа, а 28 се водат за исчезнати, откако туристички брод со околу 170 патници потона во близина на колумбискиот град Меделин, соопштија локалните власти.

- Во моментов имаме девет лица, пронајдени мртви. Други 99 лица беа спасени веднаш, а уште 40 се извлекле сами, рече шефот на службата за справување со катастрофи во департманот Антиокија Маргарита Монкада.

Преживеани луѓе рекоа дека слушнале силна бучава пред бродот да почне да тоне, и дека не сите патници имале спасувачки елеци.

Властите спроведуваат спасувачка операција. Претседателот Хуан Мануел Сантос изјави дека спасувачите и воздухопловните сили им помагаат на патниците на местото на бродоломот.