Македонија
24. February 2017 - 8:44

Девет сообраќајки во Скопје во изминатото деноноќие

Девет сообраќајни незгоди се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Од нив, четири се со телесни повреди, а три со материјална штета.

Од страна на сообраќајната полиција вчера санкционирани се 35 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло, а 16 возачи возеле без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 31 непрописно паркирано возило.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 75 возила.